Најсилните фудбалски лиги одат на пауза поради мундијалот во Катар, па нисколигашот Аштон јунајтед ја искористи оваа прилика за самопромоција и малку шега.
Седмолигашот објави дека доставил понуда до Манчестер Сити да го ангажира Ерлинг Халанд на позајмица од 28 дена.
Напаѓачот е едно од звучните имиња кои ќе го пропуштат Светското првенство откако Норвешка не обезбеди пласман, па Аштон јунајтед сака да помогне ѕвездата на Манчестер Сити да остане фит.
„Има доста здрав разум во сето ова. Манчестер Сити нема да игра и ние сакаме да помогнеме Ерлинг Халанд да остане фит. Подобро да игра за нас, отколку да игра голф шест недели“ – вели тренер на Аштон, Мајкл Клег.
Аштон јунајтед се наоѓа на само десетина километри од Етихад Стадионот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.