Седлоски: Им честитам на моите момци за залагањето и трчањето – головите ќе дојдат!

by riste
1 минути читање

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, е задоволен од изданието на Македонија на пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина одигран во Сараево кој заврши 0-0.

Македонија се уште нема дадено гол под водство на Гоце Седлоски, а помина и третиот натпревар. Но, тој не е загрижен многу за тоа.

„Првото полувреме имавме шанса да поведеме, а покажавме и иницијатива. Не искористивме две ситуации од кои можеше да се направи натпреварот поинаков. Кога ќе согледаме, ова е нова репрезентација со доста трчање и помагање еден на друг. Игравме со силна репрезентација која ќе игра на Светско првенство. Кога ќе се согледа се, мислам дека ремито беше реален исход. Шансите ќе дојдат, против големи репрезентации не се користат една-две шанси. Задоволен сум од играчите кои дебитираа, како и од останатите. Тие што не играа, ќе добијат шанса во следниот натпревар. Сакам да им честитам на моите играчи за залагањето и трчањето, сите играа како еден“, рече Седлоски по натпреварот.

„Знаеме дека ова се тест натпревари, ние се подготвуваме за Лигата на нациите. Момците заслужуваат да се тука, мислам дека со комплетирањето кога ќе се вратат повредените ова ќе биде респектабилна репрезентација. Алиоски се врати од повреда, ги играше последните 3-4 натпревари во клубот од клупата. Сигурно дека ќе ни биде од голема корист“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×