Поради
пандемијата на коронавирус, ќе нема навивачи на трибините оваа сезона во
најголемиот дел од првенствата. Неколку клубови ги повикаа своите фанови да им
испратат фотографија од нив или од саканите која потоа ќе биде испечатена на
картон и ќе биде поставена на празните столчиња.
Лидс на нашиот
Езгјан Алиоски имаше ваква кампања, и дури 15.000 фанови решија да купат место
на трибините и да одвојат 25 фунти.
„Белите“ сега се
во фокусот откако будното око на навивачите забележа дека на трибините има
слика од најпознатиот терорист.
„Благодарност до
Лидс, седам до Осама Бин Ладен“ – напиша еден фан на Твитер, и за краткo време
ова стана „жешка“ тема на социјалните мрежи.
По реакцијата на фановите,
Лидс реагираше и го тргна ликот на Осама Бин Ладен, па најпознатиот терорист нема
да биде на трибините за дуелот со Фулам.
