Себастијан Але повторно во болница: Битката со ракот се уште не е добиена, морам на нова операција

by
2 минути читање

Себастијан Але
минатото лето пристигна во Борусија Дортмунд, стана најскапото засилување на
„милионерите“, но авантурата на Сигнал Идуна Парк за кратко време се претвори
во кошмар.

На напаѓачот му
беше дијагностициран рак на тестисите, па веднаш беше опериран и потоа добиваше
хемотерапија.

Минатиот месец
Себастијан Але побара дозвола од Ајакс да тренира со клубот од Амстердам и
полека да почне да се враќа во полн фитнес, но очигледно нема во брзо време да
се врати на терените.

Себастијан Але
повторно е во болница, напаѓачот на социјалните мрежи порача дека битката со ракот
се уште не е добиена, и тој мора да направи нова операција.

„Уште на самиот
старт ми беа понудени неколку сценарија по хемотерапијата. Битката се уште не е
добиена, морам да направам нова операција за трајно да го победам туморот кој
ме одалечи од терените. Ви благодарам на сите“
– гласеше пораката на Себастијан
Але.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани