Себаљос стана нов „крал“ и трет најскап играч во историјата на Бетис

by
1 минути читање

„Кралевите“ официјално ја добија битката со Барселона за потписот на перспективниот Дани Себаљос.

Одличните игри во Полска на Европското првенство за играчи до 21 година беа само нова препорака за гигантите да тргнат по услугите на фудбалерот од средниот ред.

Реал Мадрид беше побрз и денеска стигна официјална потврда.

Шампионот на Шпанија ќе плати 16,5 милиони евра од кој 15 ќе завршат на сметката на Бетис, а 1,5 милиони евра се наменети за играчот и неговите агенти.

Дани Себаљос ќе стане третиот најскап играч во историјата на Бетис.

Рекордот го држи Хоакин и неговиот трансфер во Валенсија во 2006 вреден 25 милиони евра, а потоа е зделката од 17,5 милиони евра во која Рикардо Оливеира се пресели во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани