Се закани дека ќе нема фудбал па за еден час се предомисли: Серија А продолжува, ќе се игра и викендов!

by
1 минути читање

Боксинг деј во
Калчото помина во знакот на серијата инциденти кои се случија синоќа. Четворица
фанови на Наполи беа избодени, еден навивач на Интер почина откако во него удри
комбе, а Калиду Кулибали постојано добиваше расистички навреди од публиката на
„Џузепе Меаца“.

Па претседателот
на Фудбалската Федерација на Италија, Габриеле Гравина се закани со суспензија
на Серија А.

„Размислуваме за
суспензија. Најпрво треба да се координираме, имаме проблем со нарушување на
јавниот ред и мир, тој мора да се изменаџира, па потоа ќе видиме дали ќе се
игра или не. Она што се случи беше многу сериозно. Ќе слушнеме што има да каже
министерот и Олимпискиот комитет, и потоа ќе одлучиме“
– порача Гравина.

Сепека, неколку часа подоцна првиот човек на ФФИ излезе со спротивна изјава: „Ќе има фудбал во
сабота. Натпреварите ќе се одиграат според планот. Првенството нема да сопре“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани