Се слушна и во преносот во живо: Белингем со сочна пцовка до судијата (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Белингем

Џуд Белингем добива критики до сите страни откако упати пцовка на адреса на линискиот судија на синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Синоќешното дерби на Мадрид заврши без победник, Реал и Атлетико одиграа 1-1, а по крајот на натпреварот главна тема беше пеналот кој го добија гостите и дали ВАР правилно постави во целата ситуација.

Но под лупа се најде и еден потег на Џуд Белингем, кој добива критики од сите страни аз своето однесување.

По десетина минути игра, Англичанецот имаше еден дуел со Љоренте крај аут-линијата а судијата покажа топка за Атлетико Мадрид.

На Џуд Белингем не му се допадна оваа, па испрати сочна пцовка до линискиот судија: „Еб* се човеку. Еб*се!“

Со оглед на тоа дека има микрофони крај аут-линијата, пцовките се слушнаа и во преносот во живо.

Фудбалерот на Реал Мадрид не доби картон за овој испад, останува да се види дали ќе има дополнителна санкција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани