Се сеќавате што изјави Енрике по заминувањето на Мбапе?

by Стефан
1 минути читање

Пари Сен Жермен со уште една победа против Арсенал се пласираше во финалето од Лигата на шампионите каде што ќе игра против Интер на 31 мај.

Францускиот гигант до финалето стигна по летото во кое клубот го напушти Килијан Мбапе. Тренерот Луис Енрике пред неколку даде изјава во која тврдеше дека, ПСЖ сега е подбар тим во однос на периодот кога го имаа францускиот голгетер.

Шпанскиот стратег тогаш објасни и зошто мисли така.

„Мислам дека сме подобри во двете фази по заминувањето на Мбапе, тоа го покажуваат статистичките бројки. Играчите го сфатија тоа како предизвик, и сакаат да докажат дека можат без него. Се разбира, сите сакавме да го задржиме, но тимот одговори совршено. Јас и претходно реков, не сакам еден играч да постигне 40 голови, туку повеќе би сакал кога неколку играчи да постигнуваат голови“, изјави тренерот на ПСЖ.

Фото: PSG/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани