Екипата на
Либертад од Парагвај го доби двомечот со Стронгест од Боливија во втората рунда
од квалификациите за групната фаза од Копа Либертадорес, откако во првата
пресметка Либертад ремизираше со 1-1 на гостински терен, на реваншот пред своја
публика беше убедлив во победата од 5-1.
Иако
парагвајската екипа постигна пет гола на реваншот, а Адриан Мартинез
реализираше хет-трик, на реваншот сета слава ја понесе ветеранот Оскар Кардозо.
Поранешниот
напаѓач на Бенфика, Трабзонспор и Олимпијакос постигна гол од својата половина,
а истиот за многумина веќе е прогласен за гол на сезоната.
Remember Oscar Cardozo? He’s now in the Libertadores banging in goals from his own half pic.twitter.com/Q1aP1CB0Gi
— Rupert Fryer (@Rupert_Fryer) February 13, 2019