Маркус Рашфорд нема да продолжи во Барселона и покрај солидната сезона, каталонскиот клуб се одлучи да го купи Гордон.
По ваквиот развој на настаните иднината на Рашфорд беше под знак прашалник, но како одминува времето работите стануваат појасни.
Последните информации велат дека Манчестер Јунајтед планира да го врати Рашфорд на подготовките. Тренерот Мајкл Керик сака да го види овој фудбалер во својот тим.
Во овој момент најголемите се шансите Рашфорд да остане на Олд Трафорд и да игра за Манчестер Јунајтед, но не се исклучува ниту можност за трансфер ако дојде вистинска понуда до клубот.
Рашфорд одбива преселба во Турција, би можел да го напушти Јунајтед само за клуб од европската елита.