Ливерпул се обидува да ја надополни негативата од 2-0 против ПСЖ во реваншот од четвртфиналето, но работите дополнително се искомплицираа по само половина час игра.
Во центарот на вниманието се најде Хуго Екитике, кој се повреди во навидум безопасна ситуација. По една топка испратена од одбраната на Ливерпул, напаѓачот остана сам, без контакт со противник, но ненадејно падна на тревникот.
Првичните информации укажуваат на посериозна повреда, а тоа го потврди и реакцијата на самиот фудбалер, кој не можеше да ги задржи солзите. По укажаната лекарска помош, Екитике беше изнесен од теренот на носилки.
Овој развој може да претставува проблем и за Дидие Дешам, бидејќи Екитике е важен дел од француската репрезентација, а до почетокот на Светското првенство остануваат само уште два месеци.
Ekitike was consoled by PSG and Liverpool players as he was stretchered off the pitch after suffering a non-contact leg injury.
— ESPN FC (@ESPNFC) April 14, 2026
That could be the season and the World Cup for Liverpool's breakout star 💔 pic.twitter.com/3N0oTl7raA