Се појави неочекуван проблем за Пирло, може да остане без селекторската позиција!

by Стефан
1 минути читање

Андреа Пирло се соочува со неочекувани проблеми на патот кон селекторската функција на италијанската репрезентација.

Според информациите на „Скај Спорт“, најголема пречка во преговорите претставува неговата улога како глобален амбасадор на една руска обложувалница.

Токму овој комерцијален ангажман предизвика големи полемики во италијанската јавност, но и во редовите на Фудбалската федерација на Италија. Иако легендарниот играч од средниот ред важеше за главен фаворит за преземање на „аѕурите“, соработката со руската компанија создаде сериозни пречки и засега го одложува неговото официјално назначување.

Останува да се види дали Пирло сепак ќе седне на клупата на Италија, откако дел од тамошните медиуми објавија дека договорот е практично завршена работа.

Доколку неговото именување пропадне, главни кандидати за нов селектор на Италија се Антонио Конте и Роберто Манчини.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×