УЕФА сака да направи уште три важни промени за Лигата на шампионите. Според германските медиуми, веќе од следната сезона може да дојдат овие измени.
Во планот на УЕФА е да се воведат три новитети. Главниот и најголем е дека повеќе нема да има продолженија во плеј-оф фазата. Наспроти тоа, екипите веднаш би заминале во пенал-серијата, а причината е дополнителното оптеретување во и така густиот распоред.
Освен тоа, УЕФА сака да им даде предност на екипите кои ќе завршат во топ 8 во лигашкиот дел. Осумте најдобри би добиле предност на домашен терен и во четврфиналето и полуфиналето, наместо само во осминафиналната фаза.
Се планира повторно да се воведе на старото правило за протекција на екипи од иста држава пред завршницата (од четвртфинале натаму).
Одлуката за овие нови правила ќе се донесе на 30 мај.