Се подготвува размена помеѓу Интер и Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Според „Кориере дело Спорт“, Интер го посакува Хенрих Мхитаријан кој не се снајде најдобро во Манчестер јунајтед.

Ерменецот имаше серија лоши игри со кои го загуби местото во првиот тим и многу е извесно дека ќе замине од Олд Трафорд.

Тој е желба на Лучијано Спалети кој синоќа имал состанок со директорите на Интер на кој ја ковале трансфе стратегијата за јануарскиот проден рок.

Слично како Мхитарјан, Жоао Марио не се снаоѓа во Интер, тој важи за работник на теренот какви што посакува Жозе Мурињо па во италијанските медиуми се пишува дека можно е да се случи размена.

Вредноста на фудбалерите е слична, Манчестер јунајтед плати 42 милиони евра за Мхитарјан, а Интер 40 милиони за Жоао Марио.

Идејата е да се случи чиста замена на фудбалерите без доплата од било која страна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани