Јувентус имаше
можност да го задржи Алваро Мората, но сметаше дека сумата од 35 милиони евра е
превисока, па се обиде со Атлетико да договори трансфер под нови услови и
откако не успеа, напаѓачот се врати во Мадрид.
„Старата дама“ и
понатаму се обидува да го донесе Шпанецот, но преговорите со Атлетико Мадрид се
тешки па затоа раководството на Јувентус разгледува други алтернативи.
Се говори дека Луис
Муриел, Антони Марсијал, Тимо Вернер, Мемфис Депај и Марко Арнаутовиќ се на
листата со желби.
Денешното издание
на Газета дело Спорт пак пишува за „луда идеја“ и преселба на Дрис Мертенс во
Јувентус.
Фудбалерот од
Белгија, кој е најдобар стрелец во историјата на Наполи, не успеа да пронајде
согласност со Аурелио Де Лаурентис за продолжување на соработката и сега е во
потрага на нов клуб.
ГДС додва дека Јувентус би можел да го примами Дрис Мертенс со богат договор, односно плата од 5
милиони евра по сезона, како и со можноста за настап во Лигата на шампионите.