201
Се чини дека само
прашање на време е кога Јувентус ќе го потврди Анхел Ди Марија како ново
засилување.
„Разговараме за
последните детали и чекаме Јувентус да каже ДА за одредени работи“ – вели еден
од агентите во разговор со Ла Стампа.
Се говори дека
Анхел Ди Марија ќе стави потпис на едногодишен договор со плата од 7 милиони
евра по сезона, и сега се пеглаат бонусите кои ќе ги добие Аргентинецот.
Во меѓувреме, сопругата
на Анхел Ди Марија почна да го следи Јувентус на социјалните мрежи и многумина
ова го толкуваат како знак дека фудбалерот ги одбрал „бјанконерите“.