191
Според „Скај Спорт Италија“, Барселона и Јувентус ги договориле висините на обесштетувањата. Пјаниќ е вреднуван на 60 милиони евра плус бонуси, а Артур на 70 милиони евра плус бонуси.
Тоа значи дека Јувентус ќе треба да и доплати на Барселона уште десет милиони евра.
Играчот на Барселона конечно се помири дека треба да замине од Камп Ноу, од Јувентус тој ќе добие петгодишен договор со плата од 5,2 милиони евра по сезона.
И двајцата играчи ќе останат во своите клубови во крајот на сезоната.
Остануваат да се договорат уште ситни детали и се очекува зделката наскоро и официјално да биде соопштена.