Се откриваат детали: Тонали му ја кажал апликацијата на Фаџоли за нелегално обложување!

by
1 минути читање

„Ил Масаџеро“ пишува дека Фаџоли на истражителите им кажал дека Тонали му ја кажал апликацијата за нелегално обложување.

Апликацијата била пронајдена кога истражителите го скенирале телефонот на фудбалерот на Јувентус.

Фаџоли и Тонали одлучија да соработуваат со обвинителството и поради тоа може да добијат помали казни од три години.

Особено Фаџоли кој не само што ја признал вината туку до обвинителството доставува и други информации во врска со инволвираните во овој голем скандал кои можат да бидат корисни за истрагата.

За разлика од нив двајца, Николо Заниоло одбива да признае дека се обложувал на фудбалски натпревари, тој тврди дека играл само покер и блекџек. Доколку не бидат пронајдени докази за него, може да помине без суспензија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×