Се огласи претстедателот на Спортинг: Ѓокереш може да замине и за помалку од 100 милиони евра!

by Стефан
1 минути читање

Претседателот на Спортинг Лисабон, Федерико Варандаш, одлучи јавно да ги демантира шпекулациите кои кружат во медиумите – не постои никаков „џентлменски договор“ со шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш, кој е една од најпосакуваните фудбалски имиња ова лето.

Во последните денови се појавија информации дека напаѓачот може да си замине од Лисабон за 60 милиони евра плус бонуси, но Варандаш јасно стави до знаење дека такво нешто не е вистина.

„Ви гарантирам, таков договор не постои. Не сум дал ветување од тој тип и до овој момент Спортинг нема примено ниту една официјална понуда за Ѓокереш“, истакна првиот човек на клубот на прес-конференција.

Швеѓанецот зад себе има блескава сезона и во последните две години постигна дури 97 голови на 102 одиграни натпревари. Со ваква форма, не е ни чудо што се најде на радарот на гигантите Манчестер јунајтед и Арсенал.

Во неговиот договор стои откупна клаузула вредна 100 милиони евра. Сепак, Варандаш призна дека постои една отстапка која ја направиле на барање на агентот на Ѓокереш.

„Една од главните грижи на неговиот агент беше дека ќе инсистираме на целосниот износ од клаузулата. Се договоривме дека Спортинг нема да бара 100 милиони евра“, објасни претседателот на португалскиот гигант.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани