Се огласи Конте и објасни зошто останал во Наполи

by Стефан
1 минути читање

Наполи го освои Скудетото, а се до вчера изгледаше дека Антонио Конте ќе го напушти клубот.

Сепак, дојде до целосен пресврт, клубот од Неапол синоќа ја потврди соработката со искусниот стратег, кој ќе остане на кормилото и следната сезона. Сега во јавноста се огласи и самиот Конте кој ги потврди тие информации.

„По секоја сезона, нормално е да има разговор помеѓу тренерот и клубот за да се направи пресек на сработеното, да се утврди дали имаме иста визија за иднината и дали заедно сакаме да победуваме. Имаме заедничка визија. Сериозни луѓе сме. Разговаравме искрено, ја анализиравме сезоната и добрите и лошите страни“, изјави Конте.

Тој потенцира дека неговата цел останува Наполи да се задржи на самиот врв.

„Освојувањето на Скудетото е нешто неверојатно. Постои силна желба да продолжиме да градиме цврсти темели и да тргнеме по пат кој ќе ги направи Наполитанците горди“, порача тренерот.

Сега Наполи може да се фокусира и на летниот преоден рок во кој се очекува да пристигнат неколку засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани