Барселона е новиот шампион на Ла Лига! Каталонскиот гигант ја oбезбеди титулата на две кола пред крајот со победа од 2-0 на гостувањето кај градскиот ривал Еспањол. Стрелци на головите беа Ламин Јамал и Фермин Лопез.
Оваа победа има посебна тежина за навивачите на Барса, не само што ја освоија титулата, туку тоа го направија токму против својот локален, но и идеолошки ривал. Историјата на ривалството меѓу Барса и Еспањол одамна е отсликана со политички симболизам: додека Барселона се смета за симбол на каталонскиот идентитет и сецесионизам, Еспањол традиционално е поврзуван со шпанскиот монархизам.
Но, иако Барса славеше, натпреварот не помина без контроверзии. Тренерот на Еспањол, Маноло Гонзалез, остро го нападна Ламин Јамал поради црвениот картон што го изнуди во 80. минута.
„Јамал е одличен фудбалер, нема спор, но не треба да симулира на тој начин. Му кажав во лице да престане да провоцира и да глуми! Тоа не беше остар старт, а тој веднаш падна и почна да се тркала“, изјави Гонзалез.
„Требаше да добие жолт картон. Контактот постоеше, но сè после тоа беше театар. Само што ќе ги допреш, паѓаат како покосени“, додаде тренерот на Еспањол.
Фото: Barcelona FC/FB