65
Досегашниот став на Челси беше дека го продава Лукаку, позајмицата беше отфрлена како опција. Никој не сакаше да ја плати сумата која ја бараа сините, освен клубовите од Саудиска Арабија, но напаѓачот сака да остане во Европа.
Челси сега ја менува политиката, го пушта Лукаку на едногодишна позајмица, а тоа го прави атрактивен за неколку клубови.
Рома се обидува да го добие неговиот потпис, но „Скај Спорт Италија“ тврди дека интерес за позајмица на Лукаку има и од ПСЖ и Барселона.
Не се отфрла можноста и други клубови да се вклучат во трката покрај овие три кои медимите веќе ги посочија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.