81
Блекбурн го пречека Манчестер јунајтед во меч од ФА Купот, му пружи силен отпор но не успеа да го изненади, црвените ѓаволи го имаат Златан Ибрахимовиќ.
Домаќините одлично го почнаа мечот, по една одлична акција Грахам во 17. минута постигна гол за водство на Блекбурн од 1-0.
Предноста траеше само десет минути, по една фантастична асистенција на Мхитарјан, Рашфорд го изедначи резултатот на 1-1.
Во 62. минута Мурињо ги внесе во игра Пол Погба и Златан Ибрахимовиќ и токму тие двајца ја донесоа победата.
На 15 минути до крајот, асистенција на Погба до Ибрахимовиќ кој постигнува гол за победа од 2-1.
Претходно Хари Кејн со хет-трик му донесе победа на Тотнем на гостувањето кај Фулам од 3-0.