130
Голема вест пристигнува од Каталонија – младиот бисер на Барселона, Ламине Јамал, постигна договор за продолжување на соработката со клубот и утре официјално ќе стави потпис на нов долгогодишен договор!
Како што пренесуваат добро упатените извори, Јамал ќе потпише нов шестгодишен договор кој ќе важи до јуни 2031 година. Договорот е финализиран со помош на неговиот агент, познатиот Жорге Мендеш, кој одигра клучна улога во преговорите.
Барса со овој потег го врзува еден од своите најголеми таленти за иднината, испраќајќи јасна порака дека Ламине Јамал е централна фигура во плановите на клубот за наредните сезони.
Фото: FC Barselona/Twitter