Полскиот голман открива дека се уште страда од тие скршеници со кои се здобил како многу млад.
„Кршењето на рацете во вежбалната како тинејџер ме чини до ден денешен. Секоја одбрана ми е болна. Не зборувам за тоа многу често бидејќи сум навикнат. Доколку ги отстранам металните прачки од моите раце, можеби тоа ќе помогне, но опоравувањето ќе трае неколку месеци“, вели Шчесни.
„Најдов решение со моите ракавици кое ми помага малку, но пред 2018 година имав ситуации каде болката беше толку голема што по тренингот не можев да ги извадам ракавиците или да отворам шише вода“.
Шчесни ја истакнува потребата од психолог во фудбалот и смета дека фудбалерите задолжително треба да работат со психолог, бидејќи се е во главата.
„Апсурдно е во 2022 година клубовите да немаат задолжителен психолошки тренинг за фудбалерите. Направете интервју со било кој фудбалер и ќе ви каже дека 70 проценти од перформансот е во главата“.
„И 100 проценти од тренингот е физички. Има психолози во клубовите, но фудбалерите ги користат нивните услуги ако сакаат, но нема задолжителен психолошки тренинг“.