Шчесни синоќа бранеше во првото полувреме против Атлетико Мадрид, а потоа беше заменет од Перин. Јувентус соопшти дека тој заработил повреда на бутниот мускул во текот на натпреварот.
„Поради нелагодноста која ја почувствува во текот на првото полувреме од натпреварот против Атлетико Мадрид, Војчех Шчесни беше на дополнителни испитувања утринава кои покажаа дека има повреда на левиот бутен мускул. Фудбалерот се очекува да биде надвор од теренот околу 20 дена“, се вели во соопштението на Јувентус.
Тоа значи дека тој со сигурност ќе ги пропушти првите две кола во кои Јувентус го пречекува Сасуоло и ѝ гостува на Сампдорија. Но неизвесен е и за дербито против Рома кое е во третото коло, тој меч е закажан за 27. август во Торино, што значи за 19 дена од денес.