72
„Старата дама“ со
години доминираше во Серија А, освои девет Скудета во низа, но во последните
две сезони е далеку од битката за врвот и финишираше на четвртата позиција.
Летово во Торино
пристигнаа Пол Погба, Анхел ди Марија и Глеисон Бремер, па амбициите за новата
сезона се атак на титулата.
„Погба и Ди
Марија ја подигаат самодовербата на целата група“ – вели голманот Војчех Шчесни.
„Анхел, Пол и
Бремер не дојдоа во Јувентус за да финишираат четврти, тие сакаат трофеи“.
„По она што се
случуваше минатата сезона, за која не можеме да речеме дека е позитивна, наша
должност е да се обидеме да го освоиме Скудетото“.