Савиќ и Торес може да добијат високи суспензии за „боречките вештини“ кои ги покажаа на теренот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Каталонскиот весник „Спорт“, пишува дека доколку борбата меѓу Торес и Савиќ се оквалификува како насилен акт фудбалерите може да бидат суспендирани помеѓу четири и 12 натпревари. 

Доколку телото за одредување на казните при Фудбалската федерација на Шпанија стрикно се држи до правилата, тоа може да се случи. За насилен акт се смета удар врз противнички играч, а притоа топката да не е во близина. Тоа беше случај кога се бореа двајцата фудбалери.

За разлика од „Спорт“, „Мундо Депортиво“ очекува помала суспензија за борачите. Според овој медиум, тие ќе бидат казнети со два или три меча суспензија. Нивната борба не продуцираше некои сериозни удари од кои можеше да биде повреден некој.

Борбата меѓу Савиќ и Торес беше необична, па останува да видиме колкава ќе биде суспензијата за двајцата играчи.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×