Саутгејт: Македонија ќе сака да си ја врати гордоста која ја загуби на Олд Трафорд!

by
1 минути читање

Англија ја прегази Македонија во првиот меч меѓу овие репрезентации во квалификациите за ЕП. На Олд Трафорд загубивме со 7-0, тоа беше нашиот највисок пораз во историјата.

„На утрешниот меч Македонија ќе се обиде да си ја врати гордоста, ривалот беше ранет на оној меч во Манчестер“, вели Саутгејт.

„Ние во овие мечеви сакаме да го склопиме тимот кој ќе игра на Европското првенство, сите играчи мора да се свени дека конкуренцијата е голема. Не бевме на потребното ниво со Малта, утре сакаме да го промениме тоа и да ја вратиме нашата игра“.

„Утре очекувам добар натпревар, полн стадион и одлична атмосфера“.


×