Иако одиграа клучна улога во освојувањето на титулата, Ал-Хилал реши да се раздели со српските репрезентативци Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Двајцата 30-годишници се ставени на трансфер листа, а доколку не се реализира продажба, клубот ќе им ја исплати последната година од договорот.
Причината за ваквиот чекор се идните засилувања – Ал-Хилал планира да ангажира големи имиња како Бруно Фернандеш, Луис Диас и Дарвин Нуњез. Со платите на Србите што надминуваат 20 милиони долари по сезона, клубот сака да ослободи буџет за новите трансфери.
Митровиќ има фантастична статистика – 64 гола и 14 асистенции на 75 натпревари за Ал-Хилал. За него има интерес од Турција, каде што го посакуваат Фенербахче и Бешикташ. Изненадување е заминувањето на Милинковиќ-Савиќ, кој одигра 87 меча, постигна 27 гола и додаде 24 асистенции.