Саудиска Арабија си го „плати“ СП, ФИФА ќе добие 840 милиони евра од нивна компанија!

by
1 минути читање

Неофицијалните информации велат дека договорот веќе е потпишан, а според него во наредните десет години ФИФА од Арамко ќе добива по 84 милиони долари. Тоа значи дека вкупната сума од договорот е фантастични 840 милиони долари.

Саудиска Арабија ја доби огранизацијата на Светското првенство во 2034 година, па спонзорскиот договор за кој сега се пишува е посочен како корупција.

Последните податоци велат дека Арамко е третата највредна компанија во светот во моментов. „Тајмс“ пишува дека тие од врвот ќе ги симнат Виза и Кока Кола како главни спонзори на ФИФА. Наскоро се очекува договорот и официјално да биде објавен.

×