Сари преговара за нов тренерски ангажман и тоа во Серија А

by Стефан
1 минути читање

Извесно е дека Сержо Консеисао нема да остане на клупата на Милан по завршувањето на оваа сезона. Слабите резултати во Серија А ја поништиле можноста било каков друг успех да ја спаси неговата позиција, па раководството веќе бара замена.

Еден од кандидатите е Масимилијано Алегри, но сега во игра сериозно влезе и Маурицио Сари.

Сари веќе беше цел на Милан и во декември, по заминувањето на Пауло Фонсека, но тогаш го одби краткорочниот договор што му го понуди клубот. Како резултат на тоа, „росонерите“ се решија за Консеисао.

Иако договорот со Консеисао беше потпишан до 2026 година, Милан има клаузула што му овозможува да го раскине договорот по оваа сезона без поголеми последици.

Сари е тренер со богато искуство – ја освои Серија А со Јувентус, а со Челси триумфираше во Лига Европа. Неговото искуство и трофејна биографија се сметаат за важни адути во обидот на Милан да се врати на победничките патеки.

Фото: S.S Lazio/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани