Сари: Пасијата на дерби натпреварите во Лондон не е ни блиску како онаа во римското дерби

by
1 минути читање

Лацио со гол на Фелипе Андерсон ја победи Рома во големото римско дерби. Погодокот падна по една огромна грешка на Роџер Ибањез кој неуспешно се обиде да го помине Педро во својот шеснаесетник.

„Се што беше важно оваа вечер е нашите фановите да ги направиме среќни. За одмор ќе размислуваме подоцна, имавме цел и ја остваривме. Ова е едно од најжешките дерби натпревари во светот. Пример, во Лондон нема ни блиску ваква пасија и емоции во дерби мечевите. Ова не е нормален натпревар“, вели Сари.

„Голот не е случаен, тоа е дел од тактичкиот план. Ние се подготвувавме за тоа, да ги притиснеме нивните дефанзивци и да ги нападнеме и од лево и од десно“.

„Не беше најубав меч за гледање, но беше исцрпувачки за физичката и ментална енергија. Двајцата централни дефанзивци одиграа добро, особено на високите топки“.

„Задоволство беше да се видат момците како играат со срце, повеќе отколку со тактичка организација“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×