Сериозно се тресе столчето на Италијанецот по уште една бледа партија на Челси која значеше елиминација од ФА Купот. Поразот од Манчестер јунајтед прединесе фановите да го загубат трпението, па од трибините на „Стемфорд Бриџ“ се слушаа скандирања „Сари не знаеш што правиш“, „фак Сари-бол“ и „Сари наутро добиваш отказ“.
„Не ме интересира што скандираа фановите. Загрижен сум поради резултатот, а не поради навивачите. Можам да ги разберам бидејќи не одигравме добро и сме елиминирани од ФА Купот“ – вели Сари.
Кога му беше посочено дека тие го критикуваат неговиот стил, и скандираат „фак Сари-бол“, тој рече: „Никогаш претходно не сум слушнал нешто вакво, но за се има прв пат“.
Што се однесува до поразот, тој додаде: „Мислам дека немавме среќа, бидејќи во првиот дел бевме подобри од противникот а на пауза тие заминаа со предност од 0-2. Во вториот дел ни беше многу тешко бидеќи тие одигра физички црвсто, се бранеа компактно и ниско па во вторите 45 минути одигравме прилично конфузно“.
„Потребно е да биде поагресивни и поодлучни во нашиот и противничкиот шеснаесетник. Имавме 78 додавања во противничкиот шеснаесетник, Јунајтед само 16 во нашиот, а резултатот беше 0-2…“