Сапунска серија во најава: Бразил и Анчелоти пак ги активирале преговорите

by riste
1 минути читање

Доцна синоќа се појави информација дека преговорите меѓу Бразил и Карло Анчелоти завршиле неуспешно и тој нема да биде нивни селектор, но сега ситуацијата се менува.

Медиумите во Шпанија пишуваат дека преговорите повторно се активирани и засегнатите страни бараат решение за да се најде договор.

Проблем е и Реал Мадрид кој не сака да му го раскине договорот на Анчелоти и да му плати обештетување, а Италијанецот смета дека заслужил да добие одредена сума за прекин на соработката.

Бразил инсистираше да го добие Анчелоти во јуни, а тој им кажа дека како што сега стојат работите, ќе се ослободи после Светското клупско првенство.

Останува да се види како ќе се одвиваат обновените преговори, во која насока ќе се движат и дали може да биде најдено решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани