Копанијата од
Сингапур, „Белеграф Нова Гроуп (БНГ)“ тврди дека веќе започнала преговори со
Њукасл околу можноста да го преземе тој клуб во нивна сопственост, а се верува
дека Мајк Ешли од поодамна нема дилеми околу отвореноста да го реши ова
прашање.
Од БНГ велат дека
преговорите се веќе во напредна фаза и дека групацијата сериозно ќе се залага
во своите големи амбиции за да донесе голем развој во клубот од „Сент Џејмс
Парк“ кој пред извесен период пропушти прилика да добие богати газди во
саудискиот конзорциум со што се најавуваше составување на неверојатен тим
исполнет со многу ѕвезди.
„Белеграф Нова
Гроуп веќе испрати официјално писмо за планираните активности, како и доказ за
посакуваните влогови на 10. август“ стои во соопштението од компанијата.
„За посакуваната
средба со челниците на Њукасл, мораме да истакнеме дека легендите на клубот,
меѓу кои Алан Ширер и Михаел Копра помогнаа за сево ова“ додаваат од таму.
Можноста за 300
милионското преземање на Њукасл од страна на саудискиот конзорциум пропадна
претходниот месец, а се верува дека од таа страна не одбиле да посочат дали
Саудиска Арабија ќе биде таа која ќе го води клубот, што било причина за
пропаѓање на овој план.
Што се однесува
пак до „БНГ“, оваа компанија лани оствари приход од 12 милијарди долари.