Сантош: Не ни помислив на оставка по поразот од Србија, но ако Португалија не игра на СП, ќе заминам

by
1 минути читање

На Португалија ѝ беше доволен само бод од мечот со Србија во Лисабон, но Митровиќ во 90. минута ги шокираше и ги прати во баражот.

Многумина во Поругалија поради ова ја бараат „главата“ на Фернандо Сантош, но тој вели дека засега не ни помислува на оставка.

„Не, не ни помислив на оставка по поразот од Србија. Кога во 2014 година преговарав со Гомеш (претседателот на Португалската фудбалска федерација) реков дека ќе ја напуштам функцијата истиот ден кога нема да ја завршам задачата. Досега ги исполнив сите зададени задачи. Игравме на три големи турнири, но сега не успеавме да се пласираме директно. Сепак колку пати Португалија играла бараж“, вели Сантош.

„Ако не се пласираме на Светското првенство , ќе си заминам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани