Шанси, црвен картон, пенал и нов кикс на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нов удар за Манчестер јунајтед во трка за првите четири позиции во Премиерлигата, тимот на Жозе Мурињо не успеа на свој терен да го победи Борнмут.

Натпреварот почна со голема иницијатива на Јунајтед, имаа неколку шанси за гол, особено преку Марсијал и Погба, но Артур Боруц денеска беше фантастичен.

Резултатот беше отворен во 23. минута кога Рохо добро ја постави ногата по еден обид за шут на Валенсија.

На пет минути до крајот на првото полувреме Џонс направи непотребен старт во шесенасетникот и Борнмут преку Кинг од пенал изедначи на 1-1.

Во финишот од полувремето се случуваа големи возбудувања. Ибрахимовиќ беше згазнат на главата од Мингс, а потоа при друга акција му врати со намерен удар со лакт. Играчите на Борнмут бараа картон за Ибра кој ќе значеше негово исклучување бидејќи претходно имаше жолт картон, но наместо тоа Сурман доби жолта опомена поради приговор, негов втор картон на мечот и автоматски црвен.

Јунајтед имаше цело второ полувреме со играч повеќе да даде гол но тоа не се случи. Во 72. минута имаа и пенал, но Боруц го одбрани ударот на Ибрахимовиќ.

До крајот на мечот тимот на Мурињо вршеше притисок но не успеа да постигне победнички гол.

Наместо да напредува во четвртото или петтото место, со овој кикс Манчестер јунајтед остана на шестата позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани