135
Лирој Сане нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен, тој си оди од клубот како слободен играч.
Сане ја одбил подобрената понуда од Баерн и ќе замине, клубот е веќе информиран за неговата одлука.
Иако се поврзуваше со големи клубови од најважните лиги во Европа, најблиску до неговиот потпис е турскиот шампион, Галатасарај.
Преговорите се во тек, челниците на Галатасарај се оптимисти дека ќе го добијат неговиот потпис и во наредната сезона тој ќе игра за нив.
Фото: X/FC Bayern