Галатасарај доминира во турското првенство, но гигантот од Истанбул изгледа нема намера тука да застане. Веќе пристигна Лерој Сане, а според последните информации, Германецот нема да биде единственото големо име.
Според пишувањата на италијанските медиуми од Галатасарај подготвиле богата понуда за Хакан Чалханоглу, капитенот на турската репрезентација и столб во редовите на Интер. Понудата изнесувала 10 милиони евра по сезона, за повеќегодишен договор.
Неговиот трансфер би предизвикал дополнителна еуфорија помеѓу фановите на турскиот гигант.
Освен Чалханоглу, клубот има амбиција да го задржи Виктор Осимен, а доколку тоа не успее, алтернативи се Николас Џексон и Џонатан Дејвид. Паралелно, работат и на трансферот на Илкај Гундоган, кој наводно е заинтересиран за преселба во Истанбул, една година пред истекот на договорот со Барселона.