Сандерленд сензационално му „украде“ засилување на Арсенал

by bojan
1 минути читање

Сандерленд успеа да направи големо изненадување на трансфер пазарот и да го договори Малик Фофана од Лион, кој се најавуваше како нов фудбалер на Арсенал.

„Топчиите“ го продаваат Габриел Мартинели на Ал Хилал во зделка вредна околу 65 милиони евра, па го идентификуваа Малик Фофана од Лион како замена за Бразилецот.

Сепак, Арсенал се колебаше околу цената, некако им се видоа многу 30 милиони фунти, па ова отвори простор за Сандерленд да достави понуда и да го ангажира репрезентативецот на Белгија.

Популарните „црни-мачки“ без размислување на маса ја ставја потребната сума, 26 милилиони фунти како фиксен дел, плус додатни 4 милиони фунти како бонуси и си подадоа рака со Лион.

Па Малик Фофана денес ќе пристигне на „островото“ на лекарски прегледи и потпис со Сандерленд, наместо со шампионот на Англија.

ФОТО: X/Olympique Lyonnais

Можно е и ова да ти се допаѓа

×