Санчо по четири месеци се актвираше на Инстаграм за да го најави трансферот во Дортмунд (ФОТО)

by
1 минути читање

Џејдон Санчо
вечерва со приватен авион пристигна во Дортмунд, напаѓачот во следните денови
треба да ги помине лекарските прегледи, да ја финализира позајмицата во
Борусија и да стави крај на пеколот кој траеше со месеци.

Откако влезе во
војна со Ерик тен Хаг и беше остранет од првиот тим на Манчестер јунајтед,
Англичанецот го избриша профилот на Инстаграм.

Но откако двата
клуба денеска си подадоа рака за негова позајмица, Џејдон Санчо се врати на
социјалните мрежи и најави дека повторно ќе го носи „жолто-црниот“ дрес.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани