Санчо нека му ја мисли, со Тен Хаг нема шала: Два натпревари дремев на клупа…

by
1 минути читање

Џејдон Санчо не
беше во составот на Манчестер јунајтед против Арсенал, а по крајот на
натпреварот, Ерик Тен Хаг откри дека не бил задоволен од залагањето на
Англичанецот на тренинзите.

Кратко потоа
следеше одговор од фудбалерот, кој влезе во војна со тренерот и преку
социјалните мрежи порача дека Холанѓанецот лаже.

Се говори дека
Џејдон Санчо може да се најде во големи проблеми, а недоразбирањата помеѓу
двајцата беа искористени од страна на медиумите за да потсетат на една стара
изјава на Давид Нерес.

Пред неколку
години, Бразилецот раскажа како два натпревари дремел на клупа поради еден
коментар на адреса на стратегот.

„Тен Хаг имаше
одредени замерки за мојата фризура, а јас му кажав дека треба да си ја гледа
неговата фризура (тренерот нема коса), и да ме остави јас да се грижам за мојата. Па ме седна на клупа во следните два натпревари“
– раскажуваше Давид
Нерес.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани