62
„Црвените ѓаволи“
рутински се справија со Јеовил, избраниците на Жозе Мурињо не дозволија кикс на
гостувањето кај третолигашот и стигнаа до рутинска победа.
Отпорот на
домаќините беше скршен во 41. минута. Упорниот Рашфорд искористи едно
недоразбирање помеѓу дефанзивците на Јеовил и погоди за 0-1.
По еден час игра,
Санчез му асистираше на Ерера за 0-2, и веќе тука беа решени сите дилеми околу исходот
на средбата. До крајот на мечот, Манчестер јунајтед само го направи поубедлив
триумфот со голот на Лингард во 89. минута, и погодокот на Лукаку во третата
минута од судиското надополнување.