ПСЖ е во тешка ситуација, според актуелниот договор на Мбапе, фудбалерот треба идното лето да добие 150 милиони евра, од кои 60 милиони се плата за сезоната 2023/24, а 90 се бонус за лојалност.
Мбапе ги сака тие пари и нема намера да си замине без да ги добие, па неговата одлука е да остане во ПСЖ уште една сезона, да му легнат тие 150 милиони евра на сметка, а потоа како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
Тоа е најлошото можно сценарио за ПСЖ, тие се чувствуваат предадени од Мбапе и сакаат да му го загорчат животот доколку не прифати продажба или не потпише нов договор. Планот им е да го отстранат од тимот, и тоа веќе го направија.
Се шпекулира дека Саудијците, конкретно Ал Хилал е подготвен да го купи Мбапе на една година. Ако успеат да се договорат со ПСЖ, тоа би била варијанта од која сите би биле задоволни.
Мбапе ќе ги добие парите, а нема да мора да седи на трибини во наредната сезона, ќе игра фудбал, а потоа повторно како слободен играч ќе се пресели во Реал Мадрид.
ПСЖ ќе го продаде Мбапе и ќе заработи од неговото заминување, а Саудијците ќе видат уште една мега ѕвезда како игра во нивното првенство.
Една ваква екскурзија би била прескапа за Саудијците, но само тие би фрлиле пари за да си го направат ќејфот, пари кои никако не би можеле да ги вратат.
Само една ваква формула би била прифатлива за Мбапе, бидејќи доколку навистина има преддоговор со Реал Мадрид за слободен трансфер идното лето, нема да прифати понуда од друг клуб за повеќегодишен договор.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.