Интер околу 12 часот се врати во Милано по разочарувачкиот натпревар против ПСЖ во финалето во Лигата на шампионите, а како што пренесува Газета дело Спорт, само еден навивач ја пречекал експедицијата на „нероаѕурите“.
Интер пред еден месец беше еден од трите клубови кои се уште имаа шанса за тројна круна, но момците на Инзаги сезоната ја завршија со празни раце и рекорден порез во финалето на Лигата на шампиони, синоќа во Минхен со 5-0 беа декласирани од ПСЖ.
Експедицијата на „нероаѕурите“ околу 12 часот денеска се врати во Милано, а како што пренесува Газета дело Спорт, само еден навивач ги чекал на аеродромот Малпенса.
„Можеби сум единствениот идиот кој ги чека, но тие и понатаму заслужуваат аплауз“ – рекол навивачот по име Марко.
За разлика од Газета дело Спорт, другите медиуми пишуваат дека имало „неколку“ навивачи, но сите се сложни за атмосферата – фудбалерите биле со наведнати глави, владеела тишина и во очите на сите се гледала разочараноста од синоќешниот натпревар.
ФОТО: X/Inter FC