Подолго време се
говори дека ЦР7 не е среќен во Мадрид, сака да си замине и го гледа Манчестер
јунајтед како идеална дестинација.
Жозе Мурињо
денеска беше запрашан за ваквите гласини а Португалецот одговори во свој стил.
Тој најпрво го „пецна“ Реал Мадрид за очајните игри, па потоа ја спушти
топката.
„Со оглед на тоа
што му се случува на Реал Мадрид, јас сум последниот кој трбеа да додава масло” – вели менаџерот на „црвените
ѓаволи“.
„Мадрид гори,
резултатите не се добри. Но тоа е клуб каде што работев три години и клуб кој се
уште ми е драг. Па мислам дека не треба да додавам масло во огнот”.
„Па наместо тоа,
ќе фрлам вода, и ќе кажам дека Роналдо е играч кој секој менаџер, и секој клуб
би сакал да го има, но само еден тренер и еден клуб можат да го имаат и тоа се Зидан и
Реал Мадрид. Таков впечаток имам”.