196
Со двата денешни голови, Хари Кејн дојде до бројката од 187 погодоци во Премиерлигата со што се израмни со Енди Кол.
Само Алан Ширер (260) и Вејн Руни (208) имаат повеќе од Хари Кејн.
Денеска Кејн постигна гол во 5. минута по асистенција од Кулушевски за водство на Тотнем од 1-0.
Во 56. минута Хари Кејн промаши пенал, Хендерсон го одбрани неговиот удар.
Но, во 81. минута по одлична асистенција од Ришарлисон, Кејн постигна уште еден гол и ги постави конечните 0-2.