Само бод за Ливерпул против Кристал Палас, првиот меч на Нуњез на Енфилд помина неславно (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Дарвин Нуњез денеска го играше својот прв официјален натпревар за Ливерпул на Енфилд и ќе сака брзо да го заборави.

Напаѓачот во 57. минута заработи директен црвен картон откако наседна на провокација од противнички играч и го удри со глава.

Претходно во првиот дел по една контра Заха постигна гол по асистенција од Езе за водство на Кристал Палас од 1-0.

Брзо по исклучувањето на Нуњез, Ливерпул успеа да израмни благодарение на еден фантастичен соло гол на Луис Диаз.

До крајот на мечот и покрај тоа што имаше десет играчи, Ливерпул со сите сили се обидуваше да дојде до победа, но трите бода можеа да отидат и на контото на Кристал Палас бидејќи Заха ја погоди стативата, а имаа и други шанси од контра напади.

Во следното коло Ливерпул му гостува на Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани