Само бод за Барселона од гостувањето кај Мајорка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мајорка во мечот влезе со 11 порази по ред од Барселона, таквата лоша серија вечерва е прекината.

Домаќините поведоа уште во осмата минута кога Муричи постигна гол за водство од 1-0. На погодокот му претходеше голем кикс на Тер Штеген.

Во 41. минута Рафиња изедначи на 1-1, но во судиското продолжение од првото полувреме Пратс го врати водството на Мајорка, погоди за 2-1.

Конечните 2-2 ги постави младиот Фермин Лопез со погодок во 75. минута од натпреварот.

До крајот на мечот Барселона се обидуваше да дојде и до комплетен пресврт, но не успеа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×